| четврток, 6 декември 2018 |

Филмовите на Петра Селишкар и на Вук Митевски на фестивал во Трст

На 25. издание на фестивалот во Трст, кое се одржува од 17 до 22 јануари, Македонија се претставува со повеќе филмски проекти. Во официјална кункуренција на документарни филмови учествува филмот „Мама Европа“ на Петра Селишкар, а во конкуренција на кратки филмови, анимираниот филм „Алерик“ на Вук Митевски. На филмскиот маркет „Кога Исток ќе го сретне Запад“ (WHEN EAST MEET WEST – WEMW) ќе биде претставен дебитантскиот филмски проект „Крани“ на Ѓорче Ставревски, кој е еден од петнаесеттината, кои се селектирани во конкуренција од повеќе од 300 пријавени проекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top