| четврток, 6 декември 2018 |

Американската војска се нуди да ги обезбедува ЗОИ

tret brod vardarВојската на САД соопшти дека е подготвена да помогне околу обезбедувањето на Зимските олимписки игри во Сочи и да испрати, меѓу другото, и два воени бродови во Црно Море, доколку тоа е потребно.

Пентагон соопштува дека американските воени команданти внимателно планираат подготовки доколку е потребна помош и интервенција на САД.

– САД ѝ понудија потполна поддршка на руската влада во спроведување на безбедносните подготовки за Зимските олимписки игри – изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Соопштението од Пентагон следува еден ден откако две лица кои се појавија на видеоснимка и се претставија како исламски екстремисти ја презедоа одговорноста за нападите на југот од Русија, во Волгоград, во кои загинаа 34 луѓе и му порачаа на рускиот лидер Владимир Путин да очекува „подарок“ на Олимпијадата во Сочи од нивните истомисленици.

Олимписките игри во Сочи ќе се одржат од 7 до 23 февруари, а во продолжение од 7 до 16 март ќе се одржи Параолимпијадата. За целиот период на манифестациите се предвидени засилени мерки на безбедност. Во акција ќе бидат околу 37 илјади пoлицајци и војници. Олимпијадата е најкрупниот меѓународен настан во Русија од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и се смета за престижен проект на претседателот Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top