Џордан Белфорд, роден во 1962 година, својата професионална кариера ја почнал како брокер на 20-годишна возраст, а во филмот „Волкот од Волстрит“ неговиот лик го игра Леонардо ди Каприо.
Набргу потоа ја основал својата компанија „Стратон Оукмунт“ со неговиот партнер и на 26 години веќе станува мултмилионер.
Неговиот рецепт за лесни пари беше лесен и илегален. Тој купувал евтини акции на ситни компании и ги убедувал инвеститорите да ги купат токму тие документи. Тогаш ја кревал нивната цена и ги продавал со огромен профит, пишува „Мр. Гудлајф“.

Џордан Белфорд со втората сопруга Надин
Белфорд поседувал неколку куќи во најубавите градови во САД, возел „ферари“ и бил сопственик на луксузна јахта, која некогаш ѝ припаѓала на модната икона Коко Шанел.
Една година подоцна, тој беше уапсен и осуден на 4 години затвор за неколку измами и перење пари. Поради договор со ФБИ, неговата казна беше намалена на 22 месеци и парична казна од 110 милиони долари.
Што прави Џордан Белфорд денес?

Денес, тој живее во убава куќа на плажа во Менхетен Бич (Калифорнија ) и работи како бизнис консултант и мотивациски говорник за големите корпорации.
По излегувањето од затвор, тој ја напиша својата автобиографија, „Волкот на Волстрит“, која беше издадена во 2007 година. Книгата стана бестселер и се преведе на 18 јазици. Тој направи околу 1.800.000 долари од продажбата на книгата и филмските права, но мора да плати половина од својот приход за своите жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


