По дваесет дена, исламистичката милитантна група од Северен Кавказ, Ансар ал Суна, ја презеде одговорноста за двата самоубиствени напади во Волгоград, извршени на 29 и 30 декември лани.
Терористичката група постави видеоснимка на интернет во која се заканува со нови напади за време на Зимските олимписки игри во Сочи. Двајцата мажи, кои седат до црни транспаренти со натписи на арапски јазик, на руски јазик го предупредуваат претседателот Путин дека ако ЗОИ бидат одржани, „ќе му дадат подарок за сета крв на невини муслимани пролена во светот“.
Во предупредувањето се додава дека „подарокот ќе биде врачен и на туристите“ кои ќе дојдат на Игрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот


