Форд од Европа неодамна го произведе милионитиот Фокус од актуелната генерација. Популарниот автомобил постана најпродаваното возило во светот. Милионитиот Фокус, со 1.0-литарски ЕкоБуст мотор беше произведен во Сарлоуис, Германија.
– Фокусот е одличен семеен автомобил со можност да ги задоволи потребите на голем број потрошувачи – вели Барб Самарџиќ, директор за оперативни активности, во Форд Европа.
– Мината година го лансиравме електричниот Фокус со нула емисии на штетни гасови за да ја комплетираме целосната линија на Фокус возила кои вклучуваат 250 КС Focus ST – додаде тој.
Лансиран во Европа во 2010 година, глобално новиот Фокус е најдобро продаваното име според анализите на Форд добиени од податоците од регистрацијата на возила за првата половина на 2013 година.
Форд планира овој месец да воведе и нова верзија на Фокус со 1.0-литарски ЕкоБуст мотор, најдобриот меѓународен мотор за 2012 и 2013 година, кој ќе биде првиот семеен автомобил во Европа кој работи на безоловно гориво, а истовремено ќе нуди емисии од 99 g/km CO2.
Фокусот е опремен со технологии како Aктивна Помош при Паркирање кој користи ултразвучни сензори за одредување на соодветно паркинг место и автоматски го управува возилото додека возачот ги контролира менувачот, гасот и куплунгот; и Активно Сопирање во Град кој го скенира патот кој претстои 50 пати во секунда за да спречи судир на брзина до 15 km/h и помага при намалувањето на сериозни удари на брзина од 30 km/h.
Доколку возилото е дел од сообраќајна несреќа, Форд СИНК со Итна Помош директно ќе ги поврзе патниците со локалните служби за итни случаи.
– Корисниците на Фокус ни пренесуваат дека тие навистина ги ценат смарт технологиите на Форд, како и безбедноста на автомобилот, спортскиот изглед, стил и комфор – изјави Самарџиќ.
Форд го лансираше Фокус на пазарот во 1998 година и оттогаш компанијата продаде 6.9 милиони автомобили во Европа и повеќе од 12 милиони насекаде низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



