| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Фергусон шест години била прислушувана од „Њуз оф д Ворлд“

Поранешната снаа на британската кралица, војводката Сара Фергусон од Јорк, била прислушувана од новинари и соработнци на сега згаснатиот лондонски неделник „Њуз оф д Ворлд“, цели шест години, соопшти денеска Вишиот суд во Лондон

102038494

На судската расправа околу случајот на војводката, која беше сопруга на принцот Ендрју, втор син на кралицата Елизабета, беше речено дека говорната пошта од нејзиниот мобилен телефон, била читана од 2000 до 2006 година.

Според нејзните адвокати, врз основа на ловењето на СМС пораките, новинарите и фоторепортерите на весникот секогаш знаеле каде таа ќе оди, каде ќе присуствува и каква е целта на нејзиното присуство на определени места.

Адвокатите соопштија дека таката постапка предизвикувала стрес и нервоза кај поранешната принцеза, но рекоа дека на Суд се само да соопшатат дека компанијата „Њуз Интернешенел“, која го издаваше неделникот, се согласила да и исплати отштета, како и да ги плати сите судски тришоци.

Претставник на компанијата и се извини на Сара Фергусон за однесувањето на новинарите од „Њуз оф д Ворлд“. Двете страни објаснија дека се договориле околу висината на отштетата, „што не е мала“, но никој не соопшти за колкав износ станува збор.

Војводката од Јорк е една од 144-те жртви на прислушувањето со кои компанијата се има спогодено за отштета. Меѓу другите во таа група се глумецот Хју Грант, пејачите Џејмс Блант и Кери Катона, Шери Блер, сопруга на поранешниот премиер Тони Блер, поранешниот заменик-премиер Џон Прескот, некогашниот министер за култура Теса Џовел, како и таткто на Дејвид Бекам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top