| четврток, 6 декември 2018 |

Со триумфот против Австрија, Македонија обезбеди бараж за Катар 2015

Со победата против незгодните Австријци, македонските ракометари обезбедија не само пласман меѓу најдобрите 12 екипи на стариот континент, туку и бараж-средба за учество на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар во 2015 година.

Доколку Македонија се пласира на првите четири места на Европското првенство, а меѓу нив е и Шпанија, тогаш Лазаров и другарите веднаш можат  да ја заверат визата за Доха.

Доколку се пласираат до дванаесеттото место, ќе играат бараж-меч против некоја од 17 европски екипи што се во игра за Катар 2015.

Меѓу 18 екипи, покрај дванаесетте екипи кои влегоа во втората фаза во Данска, ќе бидат и победниците од петте групи во кои ќе играат земјите што не се пласираа на ЕП во Данска.

Дополнително во бараж-мечевите ќе игра и Германија, која иако не се пласира на Европското првенство, ќе добие еден вид посебна покана.

Покрај половината или девет од победниците во бараж-мечевите, во Катар ќе заминат и трите првопласирани од ЕП во Данска, светскиот шампион Шпанија, домаќинот Катар и уште 10 репрезентации од другите континенти.

Од Африканскиот ракометен шампионат во Катар ќе се пласираат три екипи колку што екипи ќе учествуваат од континенталниот шампионат на Азија и исто толку од Панамериканскиот шампионат.

Во Катар од 17 јануари до 1 февруари ќе патува и една екипа од шампионатот на Океанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top