Власта и опозицијата се договорија, Изборниот законик ќе се гласа со консензус, пренесува 24 вести повикувајќи се на извори од СДСМ. Според информациите, власта ги доставила измените на изборните правила до опозицијата, по што раководството дало зелено светло на преговарачите на СДСМ да го прифатат предлогот на денешната средба во Министерството за правда.Медиумот пренесува извори од опозицијата дека власта ги прифатила сугестиите за кривичната одговорност за злоупотреба на државни пари за време на кампања, како и точно определување што и како ќе се смета за јавен настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


