Ливерпул и Стоук одиграа ефикасен натпревар со дури осум гола на „Британија“ стадинот, а славеше фаворитот со 5-3. Претходно попладнево и Манчестер сити ја оправда улогата на фаворит и со 2-0 го совлада Њукасл на гости за превземање на лидерската позиција во Премиер лигата.
Луис Суарез постигна два гола, Џерард и Стариџ по еднаш се запишаа во листата на стрелците за Ливерпул, а автогол си даде Шокрос за одлична петка на „црвените“ од Енфилд Роуд. За Стоук прецизни беа Адам, Крауч и Валтерс, сепак недоволно за успех на домашен терен. Ливерпул по некомплетното 21. коло остана на четвртата позиција со 42 бода, а нов лидер привремено е Манчестер сити.
Популарните „граѓани“ со головите на напаѓачкиот тандем Џеко и Негредо го победија Њукасл со 2-0 и сега се први со 47 бода, но и меч повеќе од досегашниот лидер Арсенал. Меѓу нив е Челси со 46 бода, исто така со натпревар повеќе од градскиот ривал од Лондон, Арсенал. Избраниците на Арсен Венгер утре го играат натпреварот од21. коло во Бирмингем против Астон Вила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“