На самиот почеток на Европското првенство во Данска капитенот на чешката ракометна репрезентација Филип Јиха сигурен и самоуверен во квалитетот на неговата екипа.
Тој во едно интервју изјави дека нивната екипа има капацитет да ги совлада екипите на Македонија и на Данска.
– Задоволен сум од седумдневните интензивни подготовки. Теоретски, ние сме подготвени повеќе од било кога порано и сега можам да ја ставам својата рака во оган за нашиот тим, кој, според моето мислење, има капацитет да ги совлада Австрија и Македонија. Уште повеќе, јас сум убеден дека ќе победиме во двете средби. Данска, според мене, може да стане шампион на Европа, но, ние сме подготвени да и се спротиставиме и со нетрпение го очекувам тој натпревар – изјави Јиха.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


