
Најновиот малер кој ја погоди македонската ракометна репрезентација е густата магла на аеродромот Александар Велики поради која е затворен аеродромот за полетување.
Експедицијата во која покрај репрезентативците и стручниот штаб, се и неколку новинари и педесетина навивачи требаше да замине со чартер лет во 9 часот. Сепак, тие за сега остануваат на аеродромот „Александар Велики’’. Подобрување на временските услови, како што јавува 24 вести, се очекува по 11 часот, кога е можно конечно да полетаат за Данска.
Алтернатива се аеродромите во Софија, Ниш или Белград, бидејќи и на најблиските аеродроми во Охрид и Приштина временските услови се исти како и во Скопје.
Првиот натпревар на Европското првенство Македонија ќе го игра утревечер од 20,30 часот против домаќинот Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


