| четврток, 6 декември 2018 |

До вечерва вадете биометриска лична карта за гласање

licni karti

Правните служби на МВР, поради истекувањето на роковите за увид во избирачкиот список, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, денеска ќе работат од 8:30 до 19 часот за аплицирање и вадење нови биометриски лични карти.

Јавен увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК од 26 јануари 2013 година, кога започна увидот, до први февруари извршиле вкупно 13.142 граѓани, соопшти Државната изборна комисија.

 

Увидот ќе трае до 9 февруари 2013 година до кога гласачите ќе можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список. Од ДИК апелираат граѓаните да го искористат последниот ден за увид во избирачкиот список и доколку не се пронајдат таму, веднаш да поднесат барање, за да можат да бидат запишани во списокот за гласање.

 

– Сите полнолетни граѓани што по 11 јануари годинава извадиле биометриска лична карта или патна исправа треба да се јават во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК заради проверка и впишување во избирачкиот список додека трае јавниот увид. Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во избирачкиот список за локалните избори – велат од ДИК, пренесува Нова Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top