Поради уличен дефект, утре наутро од 9:00 часот па сè до отстранување на дефектот, со намален притисок на вода ќе бидат граѓаните кои живеат во населбите Топанско Поле, Чаир и Скопје Север, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Без електрична енергија, пак, од 14:00 до 16:00 часот, утре ќе бидат корисниците од улицата Вангел Тодоровски (број 2, 4, и 6), и улицата Коста Новаковиќ ( број 1, 3 и 5 ).
Исто така, во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат и дел од селата Мечкин Камен (општина Ѓорче Петров) и Бразда (општина Чучер Сандево).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


