На секои шест месеци Винченцо Косенза, италијански стручњак за социјални медиуми, составува мапа на најпопуларните мрежи на својот блог.
Последната анализа покажа дека „Фејсбукот“ ги потисна другите мрежи на светско ниво. Податоците Косенза ги зема од „Алекса“, додека крајниот резултат не го зема во предвид само „Гугл+“ бидејќи не може да се разгледува одвоено од домеинот „Гугл“.
Мапата покажува дека „Фејсбук“ доминира во 127 од 137 држави и неодамна стана мошне популарен дури и во земја како што е Сирија. На мапата ФБ е означен со сина боја, објави „Бизнис инсајдер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


