
До 1 јули годинава фармерите треба да ги регистрираат тракторите. Заклучно со октомври 2013 година, вкупно 20.000 сопственици поднеле барања за докажување на сопственоста, најмногу во Тетово, Битола и во Струмица.
Според стручњаците, бројката е голема и покажува дека повеќе од една третина од вкупниот број трактори биле без соодветна документација и нелегално се вклучувале во сообраќајот.
– Со регистрацијата, земјоделците добиваат право на сопственост и на документи. Ќе можат да ги движат тракторите по сообраќајници, а не како досега да ги оставаат на нивите. Воедно, ќе се води сметка за нивната исправност што ќе ги намали незгодите, кои годишно достигнуваат до 100, при што, освен трактористи, страдаат и деца, велат стручњаците.
Регистрацијата ќе овозможи механизацијата да се продава или заложува.
– Со новата вредност земјоделците ќе можат да се здружуваат во задруги и да формираат основен задружен капитал. Значајно е и што ќе ја засилат својата конкурентност за добивање повеќе бодови за конкурирање пред програмата за рурален развој каде се бодира и поседување земјоделска механизација – додаваат стручњаците.
Според процените на терен, Македонија располага со 53.606 трактори од кои околу 30.000 се нерегистрирани, вклучувајќи ја и приклучната механизација, приколки.
Причина за големиот број нерегистрирани машини е нивното користење од времето на поранешна Југославија, добивањето трактори во наследство, купување без купопродажни договори…
Од донесувањето на законските измени со кои постапката за легализација значително се поедностави регистрирани се 8.000 трактори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите збунети и во паника: Не знаат ни компјутер да вклучат, а ќе треба електронски да се регистрираат!
-
Утре истекува рокот за фирмите да достават годишни пресметки
-
Овие намирници може да ги јадете и кога ќе им помине рокот на траење
-
Дојде „животот“, а со него и проблемите со регистрирање на возилата


