| четврток, 6 декември 2018 |

Модните гуруа признаа- слабото е грдо

photoshop

Леа Харди, поранешната уредничка на Космополитен, често морала да ги ретушира фотографиите на фотомоделите, бидејќи биле „застрашувачки слаби“, пренесува Бизнис инсајдер.

Со истото признание излегуваат и други уредници, кои велат дека најчесто ги ретушираат фотографиите, за девојките да изгледаат поздраво.

-првите десет години правев да личат послаби, другите десет години да личат подебели- признала креативната уредничка на Вог Робин Дерик. Додала дека со продукција на лажни фоптографии со слаби модели се создавала лажна слика за екстремната слабост како за нешто здраво. Слабите модели кои доаѓале на снимање изгледале многу лошо, па во фотошоп им се затегнувала кожата, им се покривале ребрата и им се пополнувале образите. Така, нездрави девојки на работ на изгладнетост станале гламурозни фигури на кои им се завидува.

– Не е ниту чудно што жените сакаат да бидат супер-слаби. Тие не знаат колку е тоа грдо- заклучува Харди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top