| четврток, 6 декември 2018 |

Басеску: Романија треба да се обедини со Молдавија за да и помогне на патот кон ЕУ

basescu_35145400

Романија е должна да се обедини со Република Молдавија, со цел да и помогне да го продолжи својот пат кон ЕУ, изјави романскиот претседател Трајан Басеску.

– Молдавија е држава, која има замрзнат конфликт – во Придњестровјето, клуч кој не е во Кишињев туку во Москва. Видовме што се случи со Украина и Ерменија, истакна Басеску.

Тој нагласи дека во Романија 70 отсто од граѓаните сакаат обединување, а во Молдовија само 30 проценти.

Во новогодишната порака шефот на романската држава додаде дека „2014 треба да биде година во која отворено и чесно може да се каже дека Молдавија е романска земја и дека таа не е создадена по Пактот Молотов-Рибентроп, туку има култура и јазик кои се поврзани со Романија и романскиот народ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top