| четврток, 6 декември 2018 |

Алексис Санчез ја започна 2014 со хет-трик (видео)

sancez

Барселона повторно се врати на врвот од табелата со ист бодови како Атлетико Мадрид, но со подбра гол разлика.
„Каталонците“ денеска беа подобри од Елче на „Ноу Камп“ со 4-0. На денешниот натпревар блесна Санчез со три постигнати гола. Во отсуство на првата ѕвезда Лионел Меси кој натпреварот го гледаше од трибините поради повредата која го одалечи повеќе од два месеци и Нејмар кој влезе во игра во вториот дел, чилеанецот ја презема улогата за нова победа.
Санчез беше стрелец на првиот гол уште во седмата минута. На 2-0 зголеми Педро во 16 минута. Во вториот дел по само три минути игра Чави промаши пенал кој му беше втор промашен пенал по 11 години. Санчез продолжи со блескавата игра и во 63 минута по асистенција на Педро во 63 минута. До крајот на мечот голгетерот на Барса постигна уште еден гол во 69 минута за конечен резултат 4-0.
Оваа сезона е една од најинтересните во „Примера дивизија“ бидејќи три тима рамноправно се борат за титулата.
Реал Мадрид својот натпревар од ова коло го игра утре против тимот на Селта.

Резултати:

Севиља – Гетафе 3-0, Барселона – Елче 4-0, Осасуна – Еспањол 1-0, Реал Сосиедад – Атлетик Билбао 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top