| четврток, 6 декември 2018 |

Имотот на „А1“ едвај се продава и за половина од цената на вредноста

Имотот на поранешната телевизија „А1“ стечајниот управник Ацо Петров се обидува по петтипат да го продаде со цел да се намират долговите на телевизијата кон вработените и кон доверителите. Овој пат целиот имот оди на продажба со 50 проценти намалена цена, пренесува „Нетпрес“

Macedonian media tycoon Velija Ramkovski arrested
Имотот што се огласува на продажба е проценет на речиси девет милиони денари, а сега се отуѓува за цена од 4.308.879 денари. На продажба се и опремата на телевизијата и 24 возила од најразлични марки, кои се продаваат по релативно ниски цени.

Долговите на Велија Рамковски се околу 15 милиони евра, но според тоа што досега е продадено и тоа што се продава јасно е дека стечајниот управник Ацо Петров нема ниту одблизу да ги собере тие пари за да ги задоволи побарувањата на околу 300 доверители.

„А1“ должи 11 милиони евра само на Управата за јавни приходи.

-Зградата на телевизијата, која, најверојатно, вреди најмногу, е под хипотека на НЛБ Тутунска Банка, која од фирмите на Рамковски побарува 1,5 милион евра. Банката се реши преку сопствена продажна постапка да си ги врати парите. Половина од имотот на фирмите лоцирани на Перо Наков бб веќе е продаден. Како што неодамна објави весникот „Дневник“ досега од оваа продажба се собрани неколку стотини илјади евра, што, сепак, е далеку од потребната сума. Продаден беше и бродот на Рамковски,  што стоеше закотвен во Охридско Езеро, за половина цена од 25.000 евра, пренесува порталот.

Телевизијата беше ликвидирана на почетокот на 2012 година. Судот реши дека целиот имот што го има телевизија „А1“ ќе оди на продажба за да се намират побарувањата на 354 доверители, кои првично бараа повеќе од 23 милиони евра.

Велија Рамковски беше осуден на 13 години казна затвор. Тој сега бара ново судење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top