Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард целосно заздрави од повредата на задната ложа и се врати на тренинзите со првиот тим, а може и да се најде во составот за наредниот натпревар против екипата на Хал.
Џерард е надвор од терените од седми декември кога ја обнови повредата на ложата, но иако му беше предвидена пауза од неколку недели, тој би можел да се врати на теренот уште наредниот меч.
– Стивен е добро, заздраве и тренира со остатокот од екипата и во наредните 24 часа ќе одлучиме дали ќе се најде во составот против Хал. Сепак лоша вест е дека Џо Ален ќе мора да паузира неколку недели поради повреда – вели Роџерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


