| четврток, 6 декември 2018 |

Трајко Кузмановски е добитник на станот од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“

Трајко Кузмановски од Куманово е добитник на стан во наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“.

Димитар Миладинов од Струга е добитник на деловен простор.

Добитникот во својата изјава на емисијата во живо на МРТ рече дека испратил околу 20 пликови.

Миладинов е првиот добитник на дуќан од наградната игра.

Панде Мановски е добитникот на првиот автомобил во наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“.

Маневски е од битолското село Буково и доби автомобил „пежо 208“.

Со наградната игра се очекува да се подигне свеста кај граѓаните и да се зајакне фискализацијата.

Наградната игра почна на 1 декември годинава, а Лотарија на Македонија пликовите со фискалните сметки ги примаше до ноќеска на полноќ. Вчера имаше пристигнато над половина милион пликови.

Главната награда се стан и дуќан во Скопје, а секои 45 дена ќе се доделуваат автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смартфони, ЛЦД-телевизори. Извлекувањето ќе биде во девет кола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top