| четврток, 6 декември 2018 |

Административците во Буенос Аирес не одат на работа за да се заштеди струја

На вработените во јавниот сектор во Буенос Аирес денеска им е укажано да не доаѓаат на работа за да се заштеди електрична енергија во време на топлотен бран.

Градот е погоден со прекини во испораката на струја бидејќи клима-уредите трошат голема количина енергија додека граѓаните се обидуваат да се разладат, јавуваат локални медиуми.

Во делови од градот струја нема веќе две недели, а температурата е над 35 сетепени Целзиусови, јавува Би-Би-Си.
Потрошувачката на струја вчера имаше рекордно ниво за неработен ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top