| четврток, 6 декември 2018 |

Косово добива зелено светло од ФИФА?

fifa

Светската фудбалска федерација на 10 јануари официјално ќе дозволи Косово да игра пријателски натпревари, но под нејзини обележја. Прв гостин во Приштина, според најавите ќе биде репрезентацијата на Хрватска, јавува српски Блиц.

Сите одлуки по тоа прашање ќе бидат претставени на јавноста по состанокот во Цирих закажан за 1о јануари на кој ќе биде разгедано и барањето за зелено светло на Северен Кипар.

– Сакале да признаеме или не, одиме во тој правец, вели Душан Маравиќ, долгогодишен член на ФИФА и УЕФА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top