| четврток, 6 декември 2018 |

Празнични маки со прејадувањето

Праниците најмногу искушуваат. Се купува повеќе храна отколку што џебот дозволува, се јаде повеќе отколку што желудникот посакува... Неколку совети како да го избегнете манијакалното прејадување и да ја победите стрвот пред празничната

1. Не се возбудувајте секој пат кога ќе видите нешто вкусно! Изберете го јадењето што најмногу го сакате и не ја пренатрупувајте чинијата со сè што ќе видите. Дајте си време да јадете и полека уживајте во секој залак!

2.Ако веќе „морате“ да каснете парче торта или топло чоколадо, направете го тоа само еднаш. Подобро е еднаш да каснете од тоа што мозокот ви бара, отколку да се стегате и го избегнувате тоа. Така вашата желба само ќе се зголеми. Важно е да се биде умерен.

3. Вежбајте редовно! Тоа што не работите, не значи да го запоставите и вежбањето. Не треба многу, и 15-минутна прошетка секое утро е подобро од ништо.

4. Избегнете ги  ноќните закуски! Каснете парче овошје или само напијте се чаша топол чај, а млекото и колачињата оставете ги за Дедо Мраз.

5. Не си играјте со сонот! Многу истражувања покажуваат дека редовното спиење во вистинското време, значи навечер, позитивно влијае врз одржувањето на нормална телесна тежина. Непроспиените ноќи само ќе ви одмогнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top