| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорите и конзулите стануваат и економски промотори

Ambasadori mnr03 (Custom)Министерот за надворешни работи Никола Попоски на средбата на државниот врв со дипломатите им соопшти дека Македонските амбасадори и конзулите од следната година ќе бидат и економски промотори, ќе привлекуваат и странски инвестиции, им соопшти Министерот за надворешни работи Никола Попоски на средбата на државниот врв со дипломатите. Тоа нема да ги оддалечи од нивната главна функција, напротив ќе бидат застапени во повеќе гранки, посочи шефот на дипломатијата.

Ambasadori mnr02 (Custom)-Дел од нашата стратегија што е можно да се посветиме на економската дипломатија. Во делот на политичките приоритети имаме многу јасна цел во која во континуитет успеваме да напредуваме во тој дел, а тоа е евроатланската интеграција, надвор од тоа економската дипломатија на нашата дипломатија надвор- изјави Попоски.

Политичкиот дел ќе биде посветен на добрососедските односи, а остануваат посветени на прашањето за името со Грција и работат за негово надминување.

-Проактивни сме, отворени сме за дискусија, и остануваме на нашата понуда за интензивен дијалог на политичко ниво со соговорниците од Атина. Во делот на меѓународно-правната рамка, единствен чинител, односно единствена земја која воопшто нема приметено дека Меѓународниот суд на правдата има донесено пресуда за ова прашање е токму засегнатата страна. Тоа би требало да се промени особено доколку претрндираме на почитување на меѓународното право и доколку претендираме дека сакаме да бидеме фактор на стабилност во регионот. Факт е дека се исполнети сите критериуми во тој правец. Во овој момент не би сакале да навлегуваме во тоа дали, како и што би можело да се случи, но, се работи за една констатација која ја одразува состојбата на теренот .Кризата во Грција го има дефокусирано процесот за решение на спорот со името од политичарите во земјата. Политичките односи не се приоритет поради економската ситуација во Грција- посочи Попоски.

За односите со Бугарија, Попоски вели дека со соговорниците во Софија водат разговори за прашањата од заеднички интереси, само треба да се постави рамката за договор.

-Сметам дека е многу значајно каква клима ќе изградиме на едната и на другата страна. Во однос на договорот конкретно, Македонија не е против воспоставување на било каква рамка која би ни ги подобрила односите, но таа рамка мора да води сметка за чувствата од двете страни на границите-изјави Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top