Јован Костовски на најдобар можен начин со гол ја прослави наградата за најдобар стрелец во 2013 година во Македонија, но овојпат стрелаше прецизно за својот сегашен клуб Уд Еверле Лувен во Белгија. Попладнево македонскиот репрезентативец беше прецизен во 16. минута за 1-0 против Серкл Бриж. Лувен славеше со 3-0 со уште два гола на Рујтинкс.
Значајна победа во битката за опстанок забележа и Монс, тим што го предводи доскорешниот македонски селектор Чедомир Јаневски. Монс славеше со 1-0 против Гент. Единствен од македонските претставници во Белгија пораз денеска претрпе голманот Томе Пачовски, со Мехелен. Неговиот тим загуби уверливо со 0-3 од Лирс.
Нешто подоцна Иван Тричковски со Васланд Беверен ќе го одигра мечот од 21. коло во Белгија против Бриж на гости. Тричковски до неодамна беше член на Бриж, па ќе има дополнителни мотиви за игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


