
За коментарот на опозиционерите во Македонија „Одиме до крај“, ликовниот уметник и универзитетски професор Јане Бакрески со свој став на трибината.
– Овој тип на политичари очигледно не го претставуваат народот и неговите интереси. Не го почитуваат моето лично право на избор. бараат предвремени парламентарни избори. Ние го дадовме својот глас на редовни парламентарни избори, ја дадовме довербата и јас личн оочекувам да биде реализирана програмата за која сум гласал, кажа Бакрески.
– Оттука моето разочарување за опозицијата која со 42 мандата доби голема доверба од народот и јас очекувам тоа да го изразува со нејзиното делување, но она што се случи користи само за нечии надворешни цели.Пред година и пол имаше избори чиишто резултати ги признаа сите. Тоа е демократски избрана власт. И сега, по година и пол, се измислуваат работи кои што тогаш не беа кажани. Свесни сме дека опозицијата тогаш го призна поразот и треба во таков стил да се однесува и натаму, рече професорката Наумовска.
– Премногу се употребуваат зборови кои внесуваат немир кај народот којшто бара мир и просперитет како и секој друг народ. Пред година и пол имаше избори чиишто резултати ги признаа сите. Тоа е демократски избрана власт. И сега, по година и пол, се измислуваат работи кои што тогаш не беа кажани. Свесни сме дека опозицијата тогаш го призна поразот и треба во таков стил да се однесува и натаму. Не знам за каде прават рејтинг. Здрава опозиција е кога се што има да направи за народот тоа го прави низ демократските институции, истакна Наумовска.
Според Јован Јаулески од студентскиот парламент,демократијата не може да се наметне однадвор туку таа се гради одвнатре преку институциите на системот. Затоа не смеат да се рушат институциите. До консензус се доаѓа преку дијалог, подвлече Јаулески.
Марјан Камиловски, уметник и еден од учесниците во проектот „Скопје 2014“ се осврна на критиките од страна на опозицијата упатени кон овој проект.
– Проектот „Скопје 2014“ започна во оној момент кога се случи светската економска криза. Тој проект буквално ја спаси Македонија, и целокуопната градежна оператива и сите професии и благодарение на тој проект останаа сите тие луѓе вработени и се создадоа нови професии. Ако еден проект спасува еден огромен дел од македонската економија, зошто тој да биде непродуктивен, рече Камиловски.
Денешната трибина на Фронтот за Македонија говореа и писателот и поет Славе Ѓорѓо Димоски, кајакарот на диви води Атанас Николовски,како и универзитетскиот професор Бранко Крстевски. За апсурдите, како што беше речено, треба да расудуваат самите граѓани, поради што, се организираат ваквите дебати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


