| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ќе промовира уште тројца кандидати за градоначалници

Владејачката партија продолжува со промоција на кандидатите за градоначалници од сопствените редови

vmro-dpmne5002
Денеска  ќе се одржат три промоции на кандидидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија за престојните локални избори.

Првата промоција ќе се одржи  во 17:30 часот во Кино сала во Зрновци, каде што за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија во општина Зрновци ќе биде промовиран Блажо Станков.

Во 18:30 часот во Сина Сала во Виница, ќе се одржи втората промоција каде што за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во општина Виница ќе биде промовиран Емил Дончев.

Третата промоција пак ќе се одржи  во 20:00 часот во спортска сала „Македонски бранители” во Берово, каде што за кандидат ќе биде промовиран Драги Наџински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top