Од долгометражните играни филмови со мнозински македонски удел, Филмскиот фонд ќе го поддржи снимањето на филмот „Аферата Мис Стон“ на режисерот Дарко Митревски. Поддршка има и за филмот „Слобода или смрт“ на режисерот Владимир Блажевски. Од режисерите дебитанти ќе бидат поддржани филмовите „Земја на праските“ од Јане Ќортошев, „Безимени“ на Вардан Тозија и „Незаборавена пролет во заборавено село“ на Осман Демири и Куштрим Бектеши.
Од долгометражните играни филмови со малцински македонски удел, ќе бидат поддржани: „Жената на мојот живот“ на режисерот Антониј Дончев, „Мирни луѓе“ на режисерот Огнен Свиличиќ и „Инферно“ на Винко Модерндорфер.
Од краткометражните играни филмови, поддршка ќе добијат: „Долу од рајот“ на Саша Станишиќ, „Правила на уметноста“ на Сабедин Селмани, „Колор негатив“ на Марија Апчевска, „Вампир“ на Игор Алексов и др. Филмскиот фонд годинава ќе поддржи и седум документарни филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


