
Облачното време ќе биде главна одлика на оваа среда. Сепак, мала е веројатноста за врнежи од оваа облачна маса. Истите, доколку се случат, ќе бидат премногу слаби и краткотрајни, јавува Метеопро.
Според Метеопро, ветерот во текот на денот ќе биде слаб и претежно од југоисточен правец.
Максималата температура нема да наликува на зимска, иако ќе биде пониска за разлика од претходните неколку дена. Во поголем дел од котлините од земјата таа ќе биде во границите помеѓу 3°С и 5°С.
Во Скопје ќе имаме и понатаму услови за магла, но сепак за разлика од минатите денови видливоста ќе биде далеку подобра. Ветерот ќе биде слаб и претежно од југоисток. Максималната температура ќе има вредност само до 2°С
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


