
Рускиот претседател Владимир Путин стана член на македонска партија. На конгресот на Сојузот на Титови леви сили била донесена одлука со која Путин бил прогласен за почесен член на оваа партија. Нему, како што велат од Титовите леви сили, ќе му се додели златна плакета и златник со ликот на Тито.
– Ќе му предложиме на Советот на Град Скопје да го прогласи рускиот претседател за почесен граѓанин на Скопје и да му додели златен клуч, во знак на признание за досегашната соработка и изградбата на Јужен тек. За овие иницијативи уредно се информирани Амбасадата на Русија во Македонија и лично амбасадорот – вели лидерот на Сојузот на Титови леви сили, Слободан Угриновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени


