| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија во слики“ од Арсениј Јовков отсега во дигитална форма

Kinoteka

Во рамките на проектот за дигитализација на аудиовизуелното културно наследство, со поддршка на Министерството за култура заврши реставрацијата на документарниот филм „Македонија во слики“ од Арсениј Јовков, снимен во 1923 година, чија промоција во дивиди-формат е планирана во почетокот на наредната година.
Реализацијата на овој проект претставува дел од активностите во стратегијата на Министерството за култура за дигитализација на богатото аудиовизуелно наследство, започнати во 2011 година, кога беше дигитализиран филмскиот опус на Столе Попов, а во 2012 година беше промоврано и дивиди-издание со неговите дигитално реставрирани филмови. Во текот на минатата година беше дигитализиран и дигитално реставриран целокупниот филмски опус снимен од браќата Манаки, а оваа година беше промовирано диви-издание со нивното филмско творештво.
Процесот на дигитализација на националното аудиовизуелно наследство, преку националната установа Кинотека на Македонија, ќе продолжи и во 2014 година кога е планирана дигитализацијата и дигиталната реставрација на играните филмски остварувања на значајни режисерски имиња од домашната кинематографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top