| четврток, 6 декември 2018 |

Го избодел со нож во гостилница

bulevar Jane Sandanski

Средовечен маж насилно упаднал во гостилница и со нож избодел еден од гостите.

МВР јави дека вчера околу 13 часот во полициската станица во Аеродром,  Ј.А.(43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10 часот на булевар Јане Сандански, во гостилницата „Еснаф“, дошол Б.Л.(51) од Скопје и започнал вербална расправија со него по што со нож му нанел расекотина на рака, а кога Ј.А. се обидел да замине, Б.Л. му нанел убодна рана во пределот на грбот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top