Скопје има најчиста вода за пиење во Европа, смета директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Стојан Србиноски. Тој вели дека водата што се испорачува до домовите на скопјани е со највисок квалитет, веднаш по Виена.
Скопјани не треба да се грижат ниту за квалитетот ниту за квантитетот на водата во наредните 50 години – изјави Србиновски при посетата на Центарот за санитарна контрола што функционира во рамки на претпријатието.
Вели во Центарот се вршат и испитувања на отпадните води што се испуштаат во реката Вардар.
Според директорката на Центарот Катерина Димовска, примероци за анализа на водата за пиење се земаат секој ден од вкупно 36 мерни точки. Во трите лаборатории со кои располага Центарот, за питки и за отпадни води, како и за микробиолошки испитувања, се спроведуваат и периодични анализи на 21 мерно место во околината на Скопје, селата, изворите Лепенец и Нерези, а се следи и емисијата на комуналните и индустриските отпадни води.
– Ако кој било граѓанин смета дека има проблем со водата за пиење, во секој момент може да ги алармира дежурните служби кои веднаш излегуваат на терен и земаат мостра за анализа на евентуалната загаденост – нагласи Димовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


