| четврток, 6 декември 2018 |

Обука за подобри анализи и економски предвидувања

Со твининг проектот ЕУ го поддржува министерството за финансии за подобри економските анализи

stavrevski oravПроектот „Зајакнување на капацитетот на министерството за финансии за макроекономска анализа и формирање политики“ почна лани во декември и во текот на две години ќе го водат 30 економисти и статистичари експерти од Финска и кралството Холандија.

Според Евроамбасадорот Аиво Орав така ќе се создаде покохерентна макроекономска рамка, во насока на создавање одржлива економска политика и економски раст, создавање на работни места и зголемување на конкурентноста.

-Економската криза наметна потреба од поефикасни механизми, рече Орав.

За министерот за финансии Зоран Ставрески овој проект е значаен за зајакнување на капацитетите на министерството за финансии, за мерките и активностите за зголемување на економскиот потенцијал и за зајакнување на економскиот раст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top