И тоа му успеа на „Фејсбук“, да го престигне „Гугл“ по број на посетители. „Гугл“ според мерачите на сајтови досега беше на неприкосновеното прво место. Но, според класификацијата на „Кам скор“ сега првата позиција му припаѓа на „Фејсбук“
1. „Facebook.com“ – 836.7 милиони уникатни посетители
Социјалната мрежа која започна како сајт за контакт помеѓу студентите на Харвард, денес е најпосетениот сајт во светот и вистински социјален феномен.
2. „Google.com“ – 782.8 милиони уникатни посетители
„Google“ влезе во битката на пребарувачите кон крајот на 90-тите. Битката да доби поради чистиот дизајн и брзината. Денес поддржува услуги како „Gmail“ и „Google Maps“.
3. „YouTube.com“ – 721.9 милиони уникатни посетители.
„Google“ го купи сајтот во 2006 година и неговата популарност се зголеми уште повеќе. Им помага на милиони луѓе во светот да гледаат најразлични видеа и да откријат нови пејачи како Џастин Бибер.
4. „Yahoo.com“ – 469.9 милиони уникатни посетители
Еден од првите портали, кој ја стекна популарноста уште во 90-тите години. Луѓето се информираат речиси за сè – вести, спорт, финансии и др.
5. „Wikipedia.org“ – 469.6 милиони уникатни посетители
Електронска енциклопедија. Сообраќајот кон страницата доаѓа главно од Google.
Следуваат: „live.com“, „QQ.com“, „Microsoft.com“, кинескиот пребарувач „Baidu“, „MSN.com“, „Blogger.com“, „Ask.com“, „Taobao.com“, „Twitter.com“, „Bing.com“, „Sohu.com“, „Apple.com“, „WordPress.com“, „Sina.com.cn“ и на дваесето место „Amazon.com“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


