Ракометарките на Србија ја декласираа Полска со 24-18 и ќе играат во финалето на Светското првенство, а успехот на домашната селекција го прославија рекордни 19 илјади гледачи во белградска „ Арена“. Тоа е најголема посета на ракометен натпревар на женско Светско првенство во ракомет.
Србинките од самиот старт наметнаа силно темпо во кое Полска не се снајде најдобро, па по дваесетина минути игра разликата беше двоцифрена 12-6. На пауза по 30 минути игра веќе се беше јасно кој ќе биде првиот финалист, бидејќи домашната селекција имаше огромни 8 гола разлика, 14-6.
Во продолжението Полска намали на 15-21, но Андреа Лекиќ спречи најава за пресврт со гол за одржување на солидната залиха од 7 погодоци. До крајот полските ракометарки успеаја само да намалат на 6 негатива, 18-24, што беше и конечен резултат.
Во второто полуфинале од 20,45 часот ќе играат Бразил и Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


