Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик упати честитка до претставниците на турската етничка заедница во Република Македонија.
– Денешниот празник е уште една можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво која постои уште од минатото и преставува трајна вредност која го одбележува животот и опстојувањето во Република Македонија. Турската заедница е почитуван и значаен дел од македонското мултиетничко општество, а ваквите празнични одбележувања ја потврдуваат нашата долгорочна посветеност за негување и унапредување на меѓусебните односи во државата, но и негување на пријателството и одличните билатерални односи со Република Турција, се наведува во честитката.
Воедно се посочува дека турската заедница во Република Македонија придонесува во општествениот, културниот, спортскиот, образовниот и економскиот развој на земјата, а нејзините претставници имаат значајно учество во промоцијата на нејзините специфики, но и во реализацијата на заедничките општествени цели.
– Би сакал да Ви го честитам денешниот празник кој симболично е поврзан со образованието на свој мајчин јазик како едно од основните права на човекот, а севкупно е уште едно обележје на турската заедница во Република Македонија. Наша трајна определба е таквите обележја да ги почитуваме, негуваме и прославуваме. Само на тој начин, со почит и взаемна соработка, со разбирање и заеднички сили, и со посветеност ќе успееме во нашата цел, а тоа е да обезбедиме квалитетен живот на нашите граѓани, економски развој и раст на стандардите во секоја општествена сфера, можности за развој на индивидуалниот потенцијал на секој поединец, и изградба на модерна и развиена Република Македонија, се вели во честитката од премиерот Груевски по повод 21 декември – Денот на настава на турски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


