Хрватска во ноември регистрирала стапката на невработеност од 21,1 отсто од работоспособното население.
Тоа е зголемување од 0,8 процентни поени во однос на претходниот месец кога изнесувала 20,3 отсто, објави хрватскиот Државен завод за статистика. Стапката на невработеност во однос на ноември минатата година е поголема за 0,7 процентни поени, бидејќи тогаш изнесувала 20,4 отсто.
Стапката на регистрираните невработени, која се пресметува како однос меѓу бројот на невработени спрема вкупното активно население, била најниска оваа година во август и изнесувала 18,4 отсто, а највисока во јануари и февруари со 21,9 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


