| четврток, 6 декември 2018 |

Чешкиот премиер за Албанија: Не ја сакаме таа убава земја полна со дилери на дрога

jirzi rusnok

Чешкиот премиер во оставка, Јиржи Руснок изјави дека бил подготвен да стави вето за кандидатскиот статус на Албанија во Европската унија поради одземањето на лиценцата на чешкиот државен електрогигант ЧЕЗ во Албанија.

Но, не мора да ставам вето бидејќи ни Холанѓаните, ни Германците, ни Французите не се многу воодушевени од придружувањето на таа убава балканска земја преполна со дилери на дрога“, го цитира весникот „Млада фронта днес“ премиерот Руснок кој им зборувал на пратениците во чешкиот парламент пред самитот на Европската унија во Брисел.

Поради одземањето на лиценцата, сега ЧЕЗ покрена меѓународна арбитража и бара од албанската влада 200 милиони евра оштета за пропадната странска инвестиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top