| четврток, 6 декември 2018 |

Предновогодишно „Црно тиквешко“ со Владо Јаневски

Чаирскиот романтичар во Скопје ќе пее пред Нова година. Македонскиот пејач Владо Јаневски ќе настапи во „Експо центар“ следната сабота на 28 декември.

 Безвременските љубовни балади „Црно тиквешко“, „И тогаш некоја будала“, „Евергрин“, „Што и да е ќе помине“,  „Тајна отровна“, „Ако не те сакам“, „Кој е крив“,  „Две души и месечина“, ќе бидат само дел од репертоарот што Владо ќе го изведе во поранешниот клуб „Колосеум“ кај Железничка.

 Билетите веќе се пуштени во продажба и можете да ги набавите во Југотон, Камарад-Рамстор, цвеќарница Розе- Веро 2 и преку продажната мрежа на „МК Тикетс“. Нивната цена до 26 декември изнесува 200 денари, на 27 и 28 (петок и сабота) ќе биде 250 денари, а вечерта пред самиот настан на вратата на „Експо центар“ билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари.

Забавата ќе почне на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top