Во Општина Струмица татко префрлил средства од Oпштината на здружение основано од неговиот син, објави Курир.
По вчерашните објавени документи и податоци во јавноста, кои ги објави „Курир“, а го обелоденија сомнителното работење и префрлање средства од Општина Струмица кон здружение основано токму од градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денеска „Курир“ објавува нов сомнителен трансфер на средства од Општина Струмица кон здружението „Новус“ како поддршка за невладиниот сектор.
Имено, Општина Струмица преку програмата за поддршка на Локалниот економски развој, (ЛЕР) G1 и V2, распишува јавен конкурс за доделување донации на здруженија. Конкурсот го води Секторот за локален економски развој.
Станува збор за здружението „Новус“, кое е основано во јануари 2013 година, непосредно пред да биде објавен овој конкурс. Како еден од основачите се јавува Ѓорѓи Милушев, син на Тони Милушев, кој, пак, е актуелен раководител на Секторот за локален економски развој при Општина Струмица, објави „Курир“.
Според информациите кои се објавени на веб-страницата на Општина Струмица, може да се забележи дека токму здружението „Новус“ е еден од добитниците на донации во вредност од 120.000 денари за реализација на проект „Препознавање и борба против говорот на омраза“.
По скандалозните тендери коишто Општина Струмица ги склучувала со фирми од семејството Заеви, како и вчера објавените документи од страна на „Курир“, за префрлување средства од Општина Струмица кон здружение основано лично од Зоран Заев, сега средства преку Општината се префрлувале и на сметката на здружението „Новус“, чиј основач е синот на раководителот на Секторот за локален економски развој, Тони Милушев, сектор преку чија програма се распределувале донациите, пишува „Курир“.
Досега неколкупати во медиумите се говореше за исти или, пак, слични случаи на класичен непотизам, кога парите на граѓаните од Општина Струмица завршувале на сметки од фирмите или здруженијата блиски до функционерите од локалната самоуправа во Струмица раководена од СДСМ, почнувајќи од градоначалникот Зоран Заев, директорот на ЈПКД „Комуналец“, пратеникот Панче Орцев, а сега и на сметката на синот на раководителот на Секторот за локален економски развој, Тони Милушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!





