По повеќе годишно инсистирање од корисниците на социјалната мрежа, „Фејсбук“ конечно попушти.
Најпопуларната социјална мрежа конечно во својот состав ја воведе опцијата „дислајк“ или „не ми се допаѓа“.
Но, сепак ќе мораме да почекаме пред да почнеме да го „дислајкуваме“ се она што нам не ни се допаѓа на „Фејсбук“.
Инаку оваа опција е воведена во составот на пораките, каде и претходно можевме да ги користиме „стикерите“ со кои можевме графички да ги изразиме нашите чувства.
Во новиот пакет налепници ќе се најде и опцијата „не ми се допаѓа“ што со сигурност многумина ја очекуваа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


