| четврток, 6 декември 2018 |

МПЦ-ОА се премислува, свештенството и монаштвото можат да користат „Фејсбук“

goran-kol-06-sinod-na-MPC-(10)

Македонската православна црква (МПЦ) се премислува во однос на својата одлука и планира да им дозволи на владиците да ја користат социјалната мрежа „Фејсбук“, пишува денеска „Дневник“.

Синодскиот секретар епископот хераклејски Климент во изјава за новинарите рече дека тоа ќе се случи веќе во текот на претстојната година.

– Ќе се допрецизираат начините на кои ќе може да се користи оваа социјална мрежа со оглед на реакциите кои се појавија во јавноста откако беше донесена одлуката – рече тој.

Владиците, покрај другото, расправале и за состојбите во епархиите на МПЦ-ОА, но при тоа не станало збор за проблемите во Австралиско-новозеландската епархија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top