Македонскиот шампион МЗТ Скопје без неколку стандардни првотимци доживеа уште еден пораз во својата прва сезона во Еврокупот. Во Талин против екипата на Калев се поразени со 84-69 при што ја добија само последната четвртина кога веќе се беше одлучено.
За гостите најефикасен беше Синовец со 12 поени, 11 постигна Рејнолдс, кој имаше и 10 скока, а со 10 поени заврши Дејвис.
Единствена позитивна вест за македонските кошаркари играта на младите Марковски и Стајиќ кои постигнаа по 9 поени.
Во победничкиот тим најефикасен беше американецот Абот со 25 постигнати поени.
Македонскиот шампион сега е последен на табелата. Прв на табелата во оваа група е Уникс Казан, пред Макаби Хаифа, Банвит и Рига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


