| четврток, 6 декември 2018 |

Се запалија бараки во Ченто

pozar skopje

Две бараки се запалиле попладнево во скопската населба Ченто. Протпожарната бригада со четири возила успеала да го локализира пожарот и спречи понатомошното ширење. Повредени нема.
Според Вечер во едната барака немало никој а во другата имало жена која во моментот на пожарот спиела. Соседите кои први го забележале чадот за среќа на време успеале да ја алармираат и спасат. На местото пристигнале и полициски патроли кои го обезбедуваат теренот како и екипа на ЕВН кои поради безбедност ја исклучиле струјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top