Поглаварот на Украинската православна црква, патријархот Филарет, предупреди денеска дека во Украина може да почне граѓанска војна и ги повика властите да прекинат со насилства и да го потпишат договорот за асоцијација со Европската унија.
– Насилството може да предизвика само радикализирање на протестите и голем граѓански конфликт. За да излеземе од кризата, неопходно е да се почне брзо дијалог на високо рамниште меѓу претставници на властите, на опозицијата и на граѓанското општество – изјави тој.
Патријархот побара „мораториум врз насилните акции“. Тој вели дека најприфатливиот начин за излегување од кризата може да биде завршување на преговорите и договорот за асоцијација со ЕУ да биде потпишан.
Патријархот Филарет (84) ја предводи Украинската православна црква по отцепувањето од Московската патријаршија во почетокот на 90-тите години од минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


