| четврток, 6 декември 2018 |

Бутарис за името: Сите малку да ставиме вода во виното, инаку не се пие

janis butaris

Ајде сите да ставиме вода во виното, инаку не се пие. Јас тоа го знам, произведувам вино, рече солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на денешната средба со медиуми одговарајќи на новинарско прашање и додаде:

– Грција не е таа што ве блокира, туку Европската унија е таа што одлучува.

Бутарис, кој во Скопје е на средба со Бранко Азески, Стопанската комора и со скопскиот градоначалник Коце Трајановски, дојде во придружба на околу сто грчки компании кои разговараа со околу 70 нивни колеги македонски бизнисмени.

Бутарис го почна пресот со историја. Веднаш прво нагласи дека неговиот прадедо е од Крушево, а прадедото на неговата сопруга живеел во Скопје, на местото каде што сега се наоѓа италијанската амбасада. Неговата емотивна врска со Скопје почнала уште во 1991 година кога се запознал со соптвеникот на фримата „Фармакем“.

Кога веќе ја спомна семејната историја, „Република“ го праша дали можеби неговиот прадедо учествувал во Илинденското востание бидејќи времето и местото каде што живеел неговиот предок се поколопуваат со илинденската епопеја. Бутарис, за кој добивме впечаток дека добро си ја знае семејната историја, само се насмевна и рече:

– Не знам. Колку ми е познато, прадедо ми бил трговец… тргувал со Виена – рече тој.

На новинарско прашање за инцидентите во Грција кога беа оштетувани автомобили на македонски туристи, Бутарис рече:

– Екстремисти имало и ќе има. Речиси половината од припадниците на криминалната организација „Златна зора“ денес се во затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top