| четврток, 6 декември 2018 |

Мајли Сајрус уметник на годината според „Ем-Ти-Ви“

Контроверзната пејачка и глумица Мајли Сајрус е прогласена за уметник на годината според мислењето на „Ем-Ти-Ви“.

Дуетот со Робин Тики на доделувањето на музичките видеонагради на „Ем-Ти-Ви“ е најгледаното видео на веб-сајтовите, а делот на веб-сајтот посветен на некогашната ѕвезда на серијата „Хана Монтана“ е најпосетен.

Таа успеа да си го расчисти патот до врвот и да стане „жешка“ тема во медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top