| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Навивач влета на терен со порака за Ирвинг „Кајри не си оди“

Навивач на Кливленд кавалирс влета на терен за време на мечот на својот омилен тим  против Лос Анџелес клиперс за да му порача на најдобриот кошаркар на „коњаниците“ Кајри Ирвинг да не си оди од клубот.

„Кајри не си оди“ пишувааше на маицата на младото момче што влезе на теренот и предизвика кус прекин на НБА дуелот меѓу Кливленд и Ел-еј клиперс. Обезбедувањето веднаш реагираше и го отстрани навивачот од паркетот.

kajri

Ирвинг ја одработува третата сезона од договорот со Кавс и ако не се договори за продолжување на истиот до 1 ноември 2014 ќе биде слободен играч. Во таков случај Кливленд ќе мора да ја изедначи најдобрата понуда од другите клубови за да го задржи пикот број 1 од драфтот одржан во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top